Фудбал
Се беше готово, дојде во Милано, закажани лекарски прегледи, но потоа се вмеша татко му-Балканска работа, на српски фудбалер му пропадна трансфер од соништата
Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ нема да премине во Интер! Иако практично се беше договорено играчот за врска на Удинезе да премине во редовите на великанот и покрај тоа што беа закажани дури и лекарски прегледи, тој нема да го промени тимот. Самарџиќ сега и формално ќе се врати во Удинезе“, најави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.
Медиумите во Италија претходните денови пишуваа за ненадејната тензија во преговорите и дека се се „скрши“ кога таткото на Самарџиќ побарал поголема плата за Лазар. Тие барања наводно ги поставиле други блиски до Лазар, а во тој момент Интер стапнал на кочница и се откажал. Интер потоа го извести Самарџиќ дека нема да има ништо од трансферот, тој наводно одлучил да остане во Милано и да покаже дека би сакал да се пресели во Интер, но сепак ништо.
Речиси се беше подготвено Самарџиќ да се пресели на стадионот „Џузепе Меаца“ во трансфер од 15 милиони евра, заедно со Џовани Фабијан, кој исто така требаше да замине во Удине. Сепак, немаше потписи и финализирање на договорот, па Самарџиќ се врати во Удинезе.