Фудбал
Се било договорено, а потоа се појавил Јурген Клоп
Се било договорено, а потоа се појавил Јурген Клоп
Раководството на Баерн Минхен во текот на сезоната преговараше со Тиаго Алкантара, па се доби впечаток дека преговорите одат во добра насока. Сепак, се појави Ливерпул и Јурген Клоп. Имено, Алкантара ги шокирал челниците на германскиот тим со пораката дека сака да замине, а тоа најверојатно ќе биде Ливерпул.
Пред извесно време Баерн објави дека се е договорено за продолжување на соработката, но Тиаго Алкантара смета дека му е потребен нов предизвик, а тоа веројатно ќе биде Премиер лигата, во тимот на Јурген Клоп.