Други спортови
Се е договорено, Мајк Тајсон се враќа во рингот со спектакуларен меч
Веста ја објавија руските медиуми од извори кои се блиски до неговиот противник, а тоа е уште еден славен боксер Рој Џонс Џуниор. Сите детали од договорот помеѓу двете страни се договорени. Официјалната објава би можела да се случи веќе оваа недела, а борбата е закажана за септември.

Ќе биде тоа борба во осум рунди, ќе се одржи во САД и нема дилеми дека ќе привлече огромно внимание.