Фудбал
Се е договорено, познат е селекторот на Германија кој ќе бара одмазда за шокантниот пораз од Македонија
Ханси Флик постигнал договор со Германската фудбалска асоцијација (ДФБ) и следната недела официјално ќе биде промовиран во нов селектор на поранешниот светски шампион.
Пред помалку од две недели, Флик ја потврди својата намера да го напушти Баерн Минхен. Иако договорот со тренерот на германскиот шампион важи уште две години, тој побара предвремено раскинување на договорот спогодбено, а со цел Баерн да добие одредена парична компензација, беше договорен пријателски натпревар помеѓу Баерн и германската репрезентација . Собраните средства одат во касата на Баерн, така што овој клуб може да биде платен до одреден степен за Флик, со кого имаше договор.
Баерн првично одби да ја прекине соработката со Флик, но потоа излезе веста дека паднал договорот со новиот тренер Јулијан Нагелсман, а сега е објавено дека Флик дефинитивно ќе го наследи Јоаким Лев на клупата на Германија по Европското првенство.
Тоа значи дека токму Ханси Флик ќе ја предводи Германија во Скопје во квалификациите за пласман на СП. Сигурно дека Флик ќе стори се германската репрезентација да се одмазди за оној шокантен пораз од Македонија од 2:1.Мечот се игра во октомври во Скопје.