Connect with us

Фудбал

Сè е подготвено: Лука Јовиќ е повторно во Мадрид, „Кралевите“ се враќаат на тренинзите

Шпанија започна со ублажување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на новиот коронавирус.

Ова исто така значи дека фудбалерите на Ла Лига можат да започнат со тренинзи оваа недела. Исто така, самата Ла Лига најави враќање и изрази надеж дека натпреварите во Шпанското првенство повторно ќе се играат во јуни и дека сезоната ќе заврши оваа лето.

Во меѓувреме, доаѓаат информации дека Лука Јовиќ, напаѓачот на „Кралевите“, се врати во Мадрид.

Патем, Лука Јовиќ беше единствениот фудбалер на Реал Мадрид кој ја помина пандемијата надвор од Шпанија.

Треба да се истакне дека сите објекти на Реал Мадрид, како фудбалските, така и кошаркарските, се дезинфицираат секојдневно, бидејќи тест на кошаркарот на „Кралевите“, Томпкинс беше позитивен на Ковид-19.

Од Шпанија сега доаѓаат вести дека сè е подготвено во Мадрид за играчите и членовите на стручниот штаб да бидат тестирани на „Ковид-19“ и „Кралевите“ да започнат со тренинзи.

Инаку, тренерот Зинедин Зидан, ќе го има на располагање и Еден Азар, кој ја искористи паузата за да се опорави од операцијата на зглобот и веќе започна со полесни тренинзи.