Тајмаут
Се фотографираше со мртвиот Марадона, но подобро да не го направеше тоа! (ФОТО)
Само неколкумина имаа можност да го видат мртвото тело на Диего Армандо Марадона.
Еден од вработените во компанијата задолжен за погребот ја злоупотребил својата позиција и направил вистински скандал.
Имено, тој го отвори кофчегот, се фотографираше со мртвиот Марадона и ја објави фотографијата на социјалните мрежи. Со сето тоа, тој го имаше палецот нагоре.

Фотографијата наскоро стана вирална и предизвика негодувања кај семејството на легендарниот фудбалер, како и кај љубителите на Марадона.
Неодговорниот вработен во погребалната куќа веднаш бил отпуштен, а откако адвокатот на Марадона ја покренал тужбата, тој бил под истрага на инспекторот.