Connect with us

Фудбал

Се играа последните мунити на мечот Интер-Фиорентина, а тој отрча кај аут линијата и почна да јаде банана, еве ја причината (ВИДЕО)

Фиорентина го победи Интер со 1:0 во Серија А, Ромелу Лукаку се изнапромаши.  Во судиското продолжение  во центарот на вниманието се најде Софијан Амбрабат. Тој истрча до клупата и изеде банана за време на прекинот. Тој го искористи моментот додека неговиот соиграч Лука Раниери лежеше на тревата и добиваше лекарска помош.

Некои навивачи на почетокот беа збунети, многумина се огласија на социјалните мрежи и се прашуваа зошто не го чека крајот на натпреварот, но објаснувањето за се дојде брзо. Во тек е месецот Рамазан, светиот месец на постот за Муслиманите, кои не јадат и не пијат ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Постовите траат до 21 април.

Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, кој има мароканско потекло, ја искористи кратката пауза за да изеде нешто и да добие дополнителна енергија за крајот на натпреварот.