Connect with us

Други спортови

Се маскирал во жена за да победи на турнир, победил две шампионки, а потоа го фатиле (ФОТО)

Отвореното првенство за шахисти во Кенија го одбележа невиден скандал. Имено, на турнирот учествувал еден маж кој се маскирал во жена! Се регистрирал под името Millicent Awuor и за да го скрие својот вистински идентитет го покрил лицето со никаб и ставил очила на очите.  На организаторите уште од самиот старт им беше сомнителен поради чевлите и одењето, но на почетокот не презедоа ништо.

„Бевме внимателни бидејќи мислевме дека се работи за многу религиозна муслиманка“, изјави главниот арбитар на турнирот Ентони Кионга за „Chess.com“. Кога на турнирот ги победи поранешната национална шампионка Глорија Џамба и најдобрата играчка на Уганда Ампира Шакира, мистериозната „натпреварувачка“ стана уште посомнителна, па решија да ја проверат.

Го однеле во соба и му поставиле неколку прашања и тогаш сфатиле дека е измамник. Неговиот идентитет се уште не е објавен, но утврдено е дека паричната награда го мотивирала да се пријави на турнирот, бидејќи се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Инаку, главната награда на овој турнир беше околу 3.800 долари.