Connect with us

Фудбал

„Се надеваме дека Заниоло ќе се врати посилен од порано“

Младиот фудбалер на Рим, Николо Заниоло се повреди пред неколку дена на дерби натпреварот против Јувентус.

Играчот од средниот ред на „Волчицата„ ги повреди лигаментите на коленото и вчера беше подложен на операција. Закрепнувањето ќе започне веднаш, со тоа што лидерот на медицинскиот тим во Рим, Андреа Каусарано рече дека должината на времето во кое ќе биде надвор од теренот не е позната.

„Тој мирно се соочи со операција. Рехабилитацијата нема распоред. Ние ќе дејствуваме во интерес на неговото здравје. Ќе ги утврдиме понатамошните чекори во текот на процесот на рехабилитација. Се надеваме дека тој ќе се врати на теренот посилен од порано“, рече тој.

Инаку, ваквите повреди се меѓу најсериозните во светот на спортот и се очекува овој талентиран фудбалер да биде надвор од теренот меѓу пет и шест месеци.

Заниоло играше одлично оваа сезона и има постигнато шест гола и две асистенции на 24 натпревари.

Многу европски великани веќе долго време биле заинтересирани за неговите услуги, но досега Рома успеа да им одолее.