Тајмаут
Се обиде да го скрие од јавноста: Дилета објави фотографија со момчето кое му го украде срцето (ФОТО)
Дилета Леота е секако најпознатата новинарка во светот на фудбалот во последните неколку години.
Оваа заводлива Италијанка работи веќе неколку години на телевизијата ДАЗН, која емитува натпревари од Серија А. Дилета честопати се јавува од стадионите ширум Италија, а таа стана неверојатно популарна преку ноќ.
Колку е популарно тоа најдобро го покажува фактот дека има скоро седум милиони следбеници на Инстаграм. Фановите ги следат нејзините постови, а многу мажи се разочарани затоа што нејзиното срце му припаѓа на еден човек.
Дилета не објавува често фотографии со своето момче, но овој пат таа направи исклучок.
Таа реши да го помине денот во природа со своето момче и пријателите вчера, а на Инстаграм објави неколку фотографии. Меѓу нив беше и фотографија со момчето кое успеа да го украде срцето на оваа заводлива новинарка.
