Connect with us

Фудбал

Се обложил дека внук му ќе заигра за Англија и заработил еден куп пари

Вујкото на манчестеровиот резервен голман Дин Хендерсон, Мартин Планкет заработил 12.500 фунти откако уште пред девет години се обложил дека неговиот внук ќе стане англиски репрезентативец.  Хендерсон минатата сезона бранеше брилијантно за Шефилд Јунајтед и сега се врати во Манчестер, каде во моментов е резервен голман.

„На Дин ништо не му кажав за облогот, сакав да го известам за тоа кога од обложувалницата ќе пристигне поитврда. Тој е добро момче, заслужи да игра за Англија“, вели неговиот вујко.

Инаку заработиле и неговата мајка и неговата баба, но тие се обложиле кога Хендерсон направил трансфер во Манчестер Јунајтед. Тогаш коефициентот бил само 50, но ете, и ти нешто заработиле.