Фудбал
Се очекува Кjелини да ја продолжи својата 15-годишна кариера со Јувентус
Џорџо Кјелини се врати по повредата во Јувентус и сега се очекува да го продолжи договорот со актуелниот шампион во Серија А за уште 12 месеци.
Одличниот дефанзивец во тимот на Јувентус веќе помина 15 години со италијанскиот гигант, откако за прв пат се приклучи на „Бјанконерите“ во 2005 година.
Кјелини ги пропушти сите натпревари освен првиот оваа сезона. Сепак, тој се врати минатиот викенд, на мечот против Бреша и беше пречекан со овации од навивачите.
Сега кога се опорави од повреда, 35-годишниот фудбалер се подготвува да склучи нов договор со Јувентус.
Тековниот договор на Киелини истекува ова лето, но Бјанконерите не сакаат да го загубат овој скапоцен играч.
Сега се подготвуваат сите документи и понуди потребни за продолжување на договорот за уште една година. Како и да е, „Гол“ известува дека се што останува за да се постигне ова обновување на договорот се смао формалности.