Connect with us

Други спортови

Се огласи една од најголемите спортски ѕвезди: „Путин е мојот претседател…“

Спортистите ширум светот ја осудуваат руската инвазија на Украина и им даваат целосна поддршка на Украинците во тешките моменти низ кои минуваат.

Гранатирањето на Украина од ден на ден се зголемува, голем број луѓе ја напуштаат земјата, а има и спортисти кои се поделени кога станува збор за овие две земји.

Еден од најдобрите хокеари на сите времиња и голема ѕвезда на рускиот спорт, Александар Овехчник се огласи и рече дека ова му биле најтешките денови во животот, но не го обвинува Владимир Путин за актуелните случувања.

„Тешко ми е да го гледам сето ова. Имам многу пријатели, роднини во Русија и Украина, навистина тешки времиња за секој нормален човек“, изјави Овехчник, по што даде интересен одговор на прашање за Владимир Путин.

„Тоа е мојот претседател. Ниту еден човек не може да биде одговорен за овој голем ужас“.

Руските хокеари се меѓу најпопуларните спортисти во својата земја, а претходно се изјаснија и за Владимир Путин, меѓу нив беше и Артеми Панарин, кој во своите изјави се обиде да го „омекне“ владеењето на Путин.

„Тој е нормален човек, понекогаш претерува, но немаме подобар избор за функцијата претседател во моментов. Тој е тој човек“, посочи Панарин.