Други спортови
Се огласи Ѓоковиќ: Ви благодарам многу!
Тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ им се заблагодари на луѓето „ширум светот“ за поддршката додека ја чека одлуката за неговата депортација од Австралија.
Ѓоковиќ слета оваа недела за да игра на Австралија опен, но, драматично му беше забранет влез при слетувањето.
Ѓоковиќ моментално е во притвор за имиграција во Мелбурн со судски предизвик кој треба да се случи во понеделник.
Во својата изјава, светскиот тенисер број еден во светот им се заблагодари на луѓето „ширум светот за континуирана поддршка“.
-Можам да ја почувствам поддршката и ја ценам многу“, рече тој во пораката објавена на Инстаграм.