-Му благодарам на Господ, добро сум, напиша Дарко Ковачевиќ на социјалните мрежи, два дена откако еше објавено дека било пукано во него од автомобил во движење во Атина.
Во вторникот, во него, непознато лице пукаше од автомобил. Како што објавија грчките медиуми, напаѓачот веднаш избегал, бидејќи мислел дека го убил Ковачевиќ. Сепак, фудбалската легенда, кој сега е спортски директор на Фудбалскиот сојуз на Србија, е добро.
-Немам непријатели, не сум конфликтна личност. Такви работи не ме интересираат, вели Ковачевиќ, кој се надева дека грчката полиција ќе го најде напаѓачот.