Фудбал
Се огласи и Валверде по поразот од Атлетико Мадрид
Барселона во драматичен натпревар против Атлетико Мадрид беше елиминирана во полуфиналето од купот на Шпанија. Во врска со овој натпревар се огласи и тренерот Ернесто Валверде кој сепак смета дека неговиот тим не беше надигран.
„Знаеме каков е фудбалот. Во оваа работа се подразбира дозата на неизвесност. Кога резултатите се лоши или кога ќе изгубите, како што се случи сега, се очекува да разговараме за тоа. Неизбежно е“, рече тој, осврнувајќи се накратко на самата игра.
„Ние доминиравме, но одлучиа деталите на кои не можеме да влијаеме. Го имавме натпреварот во свои раце. Мислам дека не бевме надиграни…“