Connect with us

Други спортови

Се огласи мајката на Мареј: Енди се бори со сета сила за да се врати

Мајката на поранешниот број 1 во светскиот тенис, и освојувач на три Гренд-слем титули, Енди Мареј – Џуди, изјави дека 31-годишниот Шкот дава сè од себе, за да се врати на теренот.

Во јануари, двократниот олимписки шампион беше подложен на операција на колкот, што му предизвикаше проблеми долго време. Мареј последен пат играше на Австралија Опен 2019, каде што загуби во првиот круг во пет сета од Шпанецот Роберто Баутиста Агут. По натпреварот, Британецот рече дека сонувал да ја заврши својата кариера на „Вимблдон“, но не е јасно дали некогаш ќе го видиме повторно во професионален тенис.

– Никој не знае како опоравувањето ќе продолжи на долг рок. Ментално, тој се чувствува добро. Но ако некој може да го направи тоа, тоа е тој, затоа што ќе го вложи своето срце и душа во тоа, како што прави со сè. Затоа имаме надежи, изјави Џуди Мареј за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com