Connect with us

Фудбал

Се огласија двата тетовски клуба кај кои има позитивни на Ковид-19

Двата тетовски тима Ренова и Шкендија преку писмена реакција се огласија по повод позитивните случаи на Ковид-19 во нивниот табор. Во Ренова има четворица, додека во Шкендија двајца.

– Имињата на лицата ќе ги објавиме во наредните денови, не дека сакаме да ги чуваме во тајност, туку треба да се направи вториот тест и овие случаи треба да бидат потврдени. Целиот тим на ФК РЕНОВА откажа каква било активност се додека немаме препорака од надлежните органи. Сега, како клуб, но и како едно семејство, не нè интересира дали ќе се одигра овој шампионат, туку само нè интересира здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека некои други почнаа да разбираат колку е сериозна оваа состојба. Здравје пред сè, вели вели во клупското соопштение на Ренова.

Од Шкендија исто така ги потврдија случаите.

-Почитувајќи ги упатствата на надлежните органи, двајцата членови со позитивни резултати на Ковид 19 се изолирани според препораките, додека клубот ќе ги преземе следните чекори во координација со Фудбалската федерација на Македонија и Институтот за јавно здравје, се вели во соопштението на Шкендија.