Фудбал
Се поблиску е разделбата со „Старата дама“, Пјаниќ на пат кон Шпанија
Во изминатиот период Миралем Пјаниќ од Јувентус се поврзуваше со Барселона, ПСЖ и Челзи, а се чини дека дојде моментот за разделба со „Старата дама“.
Како што наведува „Мундо Депортиво“, Јувентус би можел да се согласи на размена, но наместо Артур Мело, го сака Осман Дембеле. Наводно францускиот фудбалер веќе му рекол ДА на тимот од Торино, а се поизвесно е дека ќе дојде до размена Дембеле-Пјаниќ.
Според истиот медиум Пјаниќ веќе имал договорено четиригоришна соработка со Барселона. Шпанските медиуми пишуваат дека остануваат само уште детали.