Фудбал
Се подготвува нова измена во правилото за изведување на пенали
Речиси сигурно е дека од новата сезона ќе има промена на правилото за изведување пенал, кога е во прашање позиционирањето на голманот. Моментално ограничувањето е дека барем едната нога на чуварот мора да биде на гол-линијата или зад неа. Сепак, се очекува во иднина, кога ќе се изведе пеналот, двете нозе на голманот да бидат на гол-линијата или над неа.
Денеска во Доха има состанок на Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ), кој може да ги промени правилата во најпопуларната игра. Според „Марка“, се очекува предметната промена да биде усвоена и да стапи во сила од 1 јули за турнирите под капата на ФИФА.
Се очекува да се изгласаат уште две одлуки. Можноста секој тим да направи пет смени во рок од 90 минути сигурно ќе остане на сила трајно. Но, ова правило нема да биде задолжително, а секоја фудбалска федерација ќе може да одлучи дали ќе го применува во своите првенства.
Дополнително, се очекува да се прифати предлогот секоја игра со рака, сопирање на очигледна прилика за гол, да се казнува со црвен картон без разлика на кој дел од теренот се случува.