Connect with us

Други спортови

Се подготвува трансфер кој ќе го размрда ракометниот свет!

Она што го направија во Данска, го планираат и во Норвешка – да создадат супер силна екипа која ќе му пркоси на остатокот од Европа.

Дански Алборг веќе потпиша неколку звучни имиња. Секако, најзвучниот трансфер е доаѓањето на Микел Хансен, кој ќе му се приклучи на тимот во 2022 година, откако ќе му истече договорот со ПСЖ.

Понатаму на север, ќе се создаде елитна екипа составена главно од норвешки играчи, а веќе се работи на можеби најголемиот трансфер во историјата на ракометот, односно доведување на Сандер Сагосен.

Сагосен е најдобриот играч на светот, тој е навистина одличен централен дефанзивец кој во моментов игра за Кил. Неговата нова дестинација може да стане Колштад.

“Знам дека сега кружат секакви приказни, но не можам да кажам ништо за тоа. Нашиот сон е да го вратиме Сандер Сагосен дома. Имаме соништа, визии и амбиции. Нашата цел е да бидеме најдобриот машки ракометен клуб во Норвешка до 2024. Работиме на тоа и веќе се преземени некои активности “, рече Јостеин Сивертсен, извршен директор на Колштад.

Инаку, суверен владетел на норвешкиот ракомет е Евлерум, кој ја освојува титулата од 2011 година, но во Колштад имаат намера да го симнат од тронот.

Покрај Согесен, како потенцијални засилувања се споменуваат и Мгнус Род и Магнус Гулеруд, а селекторската позиција треба да ја преземе селекторот на Норвешка, Кристијан Берге.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама