Connect with us

Фудбал

Се поизвесна историска завршница во Лигата на шампионите, осумте најдобри на едно место?!

Патувањата поради пандемијата со коронавирус се отежнати и се уште постои голем ризик од ширење на заразата. УЕФА поради тоа има идеја за организација на завршен турнир на кој ќе играат најдобрите осум екипи во ЛШ.

На почетокот на неделата „Билд“ објави дека завршниот турнир ќе се одржи во Лисабон, а сега истото го тврди и „Скај Спорт“ Италија и се чини дека останува само уште УЕФА да го потврди тоа.

Четирите учесници во четвртфиналето веќе се познати, а тоа се Атлетико Мадрид, ПСЖ, Лајпциг и Аталанта, додека останатите четири ќе се знаат по реваншите помеѓу Лион-Јувентус (1:0), Челзи – Баерн МИнхен (0:3), Реал Мадрид – Манчестер Сити (1:2) и Наполи – Барселона (1:1).

Откако ќе се одиграат овие реванши, клубовите би се „преселиле“ во Лисабон каде би го одиграле завршниот турнир за првак на Европа. Завршницата според прогнозите би требало да се одигра во август.

УЕФА на ист начин планира да ги заврши натпреварите и во Лига Европа, а завршниот турнир би требало да се одигра во Германија, пишува „Скај Спорт“ Италија.