Фудбал
Се појави снимка од дебито на Роналдо во кариерата: Магијата на тинејџер чие име не го ни знаеле
Видеото од првиот сениорски гол на Кристијано Роналдо за матичниот клуб Спортинг Лисабон повторно се појави на социјалните мрежи.
37-годишниот португалски репрезентативец е еден од најважните фудбалери во историјата и во својата клупска кариера постигна вкупно 699 голови играјќи за Спортинг, Реал Мадрид, Јувентус и актуелниот клуб Манчестер Јунајтед.
Тој е и водечки стрелец во меѓународниот фудбал со 117 гола за Португалија. Се започна во 2002 година, кога дебитираше за Спортинг на пријателскиот натпревар против Бетис.
Тогаш Роналдо имаше само 17 години и веднаш покажа дека вреди и дека ќе стане голем играч.
Роналдо во тоа време беше толку непознат што коментаторите по грешка го нарекоа Кустудио, името на еден од неговите соиграчи.
Потоа Роналдо мајсторски му побегна на стоперот на Бетис, го заобиколи голманот, а потоа постигна одличен гол со лоб удар.
Во септември истата година, Роналдо ќе го направи своето официјално деби за сениорите на Спортинг против Брага во Примеира лигата – со само 17 години, седум месеци и 25 дена.
Следниот месец, тој го постигнал својот прв натпреварувачки гол за клубот, постигнувајќи го против Мореиренсе во победата на Спортинг од 3-0.
This was Cristiano Ronaldo's first ever goal in senior football 😳pic.twitter.com/qNrnLzZdVi
— 999 IQ moment in football (@TBackfooty) September 30, 2022
Една година подоцна, Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед со договор од 12,2 милиони фунти, а тогашниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон го опиша како „еден од највозбудливите млади играчи“ што некогаш ги видел.
Во вториот ангажман во Јунајтед, на Роналдо му е многу потешко да постигнува голови оваа сезона. Погоди само еднаш и тоа од пенал против Шериф Тираспол во групната фаза од Европската лига.
Роналдо мораше да се задоволи со споредна улога под новиот менаџер Ерик тен Хаг, откако претходно поднесе барање за трансфер и го пропушти поголемиот дел од подготвителната сезона.