Connect with us

Фудбал

Се појави видео, еве зошто Сон за малку ќе добиеше ќотек од голманот Лорис

Откако судијата означи крај на првиот дел на мечот Тотенхем-Евертон, голманот на домашните Хуго Лорис тргна кон својот соиграч со цел да се пресмета. Јужнокореецот сакаше да возврати, но реагираа останатите играчи. Сепак, на полувремето веројатно добиле „лекција“ од Мурињо па страстите се смирија.

На социјалните мрежи се појави видео коа покажува дека Сон се откажал од пресингот што предизвика проблем, бидејќи Евертон при таа ситуација имаше одлична шанса да постигне гол и да израмни на 1:1.

Лорис поради тоа беше бесен на својот соиграч.