Connect with us

Фудбал

Се појави видео од повредата на Бензема (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од тренингот на Франција на кој се повреди ѕвездата на тимот Карим Бензема. Добитникот на Златната топка ќе го пропушти Мундијалот во Катар откако се здоби со повреда неколку дена пред почетокот на Светското првенство.

Бензема не играше ниту на Светското првенство во Русија во 2018 година по скандалот со Матје Валбуена.

Франција е во групата Д на турнирот заедно со Австралија, Данска и Тунис.