Connect with us

Фудбал

Се појавија нови докази кои укажуваат дека Меси ќе ја освои Златната топка

Следниот понеделник, Франс Фудбал ќе ја одржи традиционалната церемонија за доделување на наградата „Златна топка“.

Исто како и секоја година, со нетрпение ја очекуваме наградата „Златна топка“, каде ќе го дознаеме името на најдобриот играч на светот за годината што е скоро зад нас.

Сепак, се чини дека овој пат не постои многу сомнеж за тоа кој ќе биде победник. За оваа награда се натпреваруваат 30 фудбалери, но многумина ги сметаат Лионел Меси, Виргил ван Дијк и Кристијано Роналдо за главни фаворити.

Многу реномирани шпански портали објавија дека е веќе јасно дека Лионел Меси ќе ја освои својата шеста Златна топка во кариерата. Наводно, гласањето веќе завршило и претставниците на „Мундо Депортиво“ случајно откриле дека Меси е победник.

Ова се потврдува со фактот дека во многу светски обложувалници веќе не е можно да се врши уплата за тоа кој ќе биде победник на Златната топка. Откако се појавија вести дека станува збор за Меси, многу обложувалници ја повлекоа својата понуда за победник на Златната топка.

Но, дали Меси навистина ќе ја освои Златната топка или дали на крајот таа ќе му припадне на Ван Дијк, Роналд или на некој друг, треба да почекаме до следниот понеделник и да дознаеме.