Connect with us

Фудбал

Се појавува ново име за клупа, Арсенал размислува да ја врати клупската легенда!

Арсенал бележи една од најлошите сезони во последните години, а „Топџиите“ се најдоа на 10. место со 19 поени по 15 кола. Цели 10 бода се оддалечени од зоната која води во Лигата на шампиони, но ова не е главната грижа.

Она што најмногу е загрижувачки, тоа е прашањето за новиот тренер, бидејќи Фреди Љунгберг е привреме избор по отказот на Емери. Изборот мора да се направи што е можно поскоро и неодамна се појави ново име.

Станува збор за Патрик Виера. Поранешната лондонска легенда моментно ja предводи Ница, но понудата од Арсенал би го ставила во искушение. Единствениот проблем остануваат лидерите на францускиот клуб, кои би одбиле да го пуштат својот тренер толку лесно.

Медиумите во Англија тврдат дека во наредните денови клубот ќе оствари контакт доколку е можно Виира да ја напушти Ница и да се пресели во Арсенал. Тоа би било враќање на Французинот кај „Топџиите“, со кој ја титулата во Премиер лигата во 2005 година.