Connect with us

Фудбал

Се повреди Марцело Брозовиќ – „Имаме огромна желба за победа“, вели Конте

Во пресрет на вечерашниот дуел со Сампдорија, стратегот на Интер се надева на победа и враќање во игра за врвот. Хрватскиот играч за врска од Интер, Марсело Брозовиќ заработил повреда на мускулите од левата нога и нема да може да му помогне на својот тим вечерва против Сампдорија. Според најавите, се очекува тој да пропушти барем два натпревари на „нераѕурите“.

„Имаме огромна желба за победа. Тоа е нормално: едноставно тренирањето не е идеално. Потребна ни е натпреварувачка акција. Работевме напорно за да се подготвиме и нѐ очекува крај на сезоната кој мораме да го постигнеме“, вели Антонио Конте.

Брозовиќ е еден од носителите на играта, па неговото отсуство на теренот може да биде проблем за Антонио Конте. Хрватот сезонава пропушти само два натпревари, што дополнително зборува за важноста на играчот за тимот. На средината од теренот, Конте не може да смета ниту на Сенси и Весино, па ќе мора да се потпре на Барела, Гаљардини и Борха Валеро.

Интер веќе одигра еден натпревар, оној од полуфиналето на Копа Италија на гости кај Наполи кој заврши 1:1. Тоа значи дека во подобар ритам се „Нераѕурите“ отколку џеновјаните за кои вечерва ќе биде прв натпревар по долгата корона-пауза.