Фудбал
Се промени врвот на најплатените фудбалери во Серија А, но Роналдо е недопирлив
Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во Серија А во моменто.
Роналдо, кој дојде во Јувентус од Реал Мадрид, во моментов има годишна плата од 31 милиони евра, што го прави далеку најплатен во италијанскиот шампионат.
И вториот најплатен играч во лигата доаѓа од Јувентус, холандскиот стопер Матијас де Лихт заработува осум милиони евра. И таа бројка е навистина голема, но кога ќе ја погледнете годишната сума на Роналдо …
Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку е рангиран на третото место на најплатени играчи во Серија А. Интер му дава на Белгиецот 7,5 милиони по сезона, а напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин заработува исто толку.
Петтото место е резервирано за играч од средниот ред Интер, Кристијан Ериксен, кој како Лукаку и Игуаин добиваат 7,5 милиони евра.
Истата сума ја инкасира и напаѓачот на Рома Един Џеко, додека Пауло Дибала заработува 7,3 милиони евра. Следен е Адриен Рабиот, исто така од Јувентус, со заработка од 7 милиони евра, неговиот соиграч Арон Ремзи исто така добива 7 милиони евра, а Миралем Пјаниќ 6,5 милиони евра.
Потоа следува Даглас Коста, Сами Кедира, голманот на Милан, Донарумама, стоперот на Наполи, Калиду Кулибали… Сите добиваат по шест милиони евра годишно.