Connect with us

Фудбал

Се сеќавате на 17-годишниот играч на Лацио за кој збoруваше цел свет? Еве каде игра денес (ФОТО)

Пред десет години, како 17-годишник, Џозеф Минала потпиша за Лацио и стана интернет ѕвезда, но не поради неговите вештини на теренот.

Камерунскиот играч од средниот ред изгледаше како да е најмалку 20 години постар, а сомнежите за неговата возраст дополнително ги покрена еден африкански портал кој тврди дека тој всушност е 42-годишен.

Камерунецот беше играч на Лацио до 2021 година, иако во тој период одигра само четири натпревари за првиот тим на римскиот клуб. Се движеше на позајмица во италијанските нисколигаши, а најмногу искуство стекна во Салернитана за која настапи 67 пати.

Минала денеска е фудбалер на летонска Лиепаја, каде што пристигна како слободен играч во март, а доколку гласините беа вистинити, тој денеска ќе имаше 52 години, односно само четири години помлад од легендарниот Казујоши Миура, најстариот активен фудбалер со 56 години, кој во моментов игра за тимот Оливериенсе, кој се натпреварува во втората лига на Португалија.