Connect with us

Фудбал

Се сеќавате на Сања? Поранешната ѕвезда во Премиер лигата се врати во Франција

Поранешната sвезда на Арсенал и Манчестер Сити, Бакари Сања би можела да се врати во францускиот шампионат по 13 години. Дефанзивец има 36 години и се појави на тренинзите на Нант, како што објавија од „Л’Екипе“.

Французинот играше за Монтреал Импакт изминатите две години и изгледа дека е подготвен повторно да се врати во Европа за да ја заврши кариерата.

„Не ја знам иднината. Секако дека имав контакти, но го оставив тоа на мојот агент. Како и да е, во Нант или на друго место, сакам да играм“, рече Сања.

Ветеранот играше во Лига 1 пред 13 години со тимот на Оксер. Тој најверојатно ќе се врати таму каде ја започна својата кариера.