Фудбал
Се си има цена: Спречен скандал во Барселона, играчите ги замолчиле со пари
Барселона ќе одигра пријателски натпревар во САД против мексиканскиот Клуб Америка, само 24 часа по последниот официјален натпревар годинава, иако фудбалерите на Барса првично одбија.
Тимот на тренерот Чави Ернандез ќе се соочи со Алмерија на 20 декември (19:30 часот) во последниот натпревар во 2023 година, пред божиќната пауза. Плановите сепак се сменија откако управата на каталонскиот клуб ги извести фудбалерите дека мора да ги одложат плановите за одмор, бидејќи на 21 декември (20 часот по локално време) во Далас ќе треба да играат против Клуб Америка.
Пријателскиот натпревар ќе донесе 4 милиони евра на сметката на Барселона, но играчите воопшто не беа задоволни од идејата да отпатуваат во Америка поради страв од ризици од повреди и пренатрупаниот распоред. Фудбалерите на Барса го известиле Чави и клупските челници дека не се согласуваат со одигрување на овој натпревар, пишува весникот Спорт од Барселона, но брзо се предомислиле.
Имено, тие добиле предлог во замена да не го кренат гласот, тивко да одат во Соединетите Американски Држави, да си играат и да се вратат дома со насмевка. За да ги убедат да отпатуваат во Тексас, клупските челници им понудиле бонус од по 100.000 евра, па играчите брзо се предомислиле, пишува споменатиот извор.