Фудбал
Се скараа поради Саудиска Арабија, Роналдо го откачи, а фудбалскиот супер агент сега вели: Тој е најдобариот во историјата, па видете што постигнал!
Фудбалскиот супер агент Жорге Мендеш го опиша Кристијано Роналдо како најдобриот фудбалер во историјата и беше категоричен дека двајцата продолжуваат да одржуваат одлични лични односи. Тие работеа заедно повеќе од две децении, но нивниот професионален однос доживеа раздор откако Мендеш силно не се согласи со бомбастичното интервју што Роналдо му го даде на Пирс Морган, што доведе до негово заминување од Манчестер Јунајтед.
И неколку месеци претходно, двајцата имаа затегнати односи, бидејќи во летото минатата година напаѓачот сакаше да договори трансфер во Челзи или Баерн (Минхен) за да игра во Лигата на шампионите, но тоа не се случи, а потоа во јануари Роналдо се пресели во Ал-Насер во лигата на Саудиска Арабија.
„Мојот личен однос со Роналдо продолжува да биде близок, имаме одлични односи. Како ја гледам моменталната фаза во неговиот живот? Кристијано секогаш ќе биде во моето срце. Тој е посебен играч и посебна личност за мене. Сите ние Португалците треба да бидеме горди што имавме и продолжуваме да имаме играч како него.
Отсекогаш сум велел и ќе го кажам тоа: тој беше и е најдобриот играч во целата историја на светскиот фудбал! Немам ни трошка сомнеж во тоа, дури и во споредба со другите. Погледнете само што постигна. Фудбалот се голови, но има и многу работа, многу прослави. Тој е пример за младите и направи се што треба да направи еден голем фудбалер. Затоа што тој е најдобриот играч од сите! рече Мендеш.