Connect with us

Фудбал

Се смее, одеднаш не е добро, пропушта натпревар и следниот ден е добро, што се случува со Кристијано Роналдо?!

Манчестер Јунајтед ремизираше во ова коло против Лестер, а во составот го немаше Кристијано Роналдо.

Теоретичарите на заговор тврдат дека можеби се случило нешто повеќе бидејќи непосредно пред натпреварот Роналдо бил многу насмеан додека се потпишувал на дресовите. За жал, наеднаш му се слошило и не можел да му помогне на остатокот од тимот на натпреварот против Лестер.

-Требаше да биде во стартниот состав, но не се чувствуваше добро и не можеше да тренира. Докторите го посетија дома, но не беше ништо подобар“, изјави менаџерот на Јунајтед, Ралф Рангник пред натпреварот против Лестер. .

На теренот се почувствува недостатокот на Кристијано. Тимот од Олд Трафорд загуби многу важни бодови и си ја отежна борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Утрово Кристијано Роналдо веќе се чувствуваше подобро. Се дружеше со семејството во природа и рече:

“Фамилијата е се.”

Ова секако ги зголеми сомнежите за настапот на Роналдо на вчерашниот натпревар. Многумина веруваат дека болеста не е причина за пропуштање натпревар, туку некакво недоразбирање, но секогаш ќе има вакви теории на заговор.