Connect with us

Фудбал

Се спрема ли голема трансфер-бомба до крајот на летото? Јувентус добива понуда од 120 милиони евра!

Кристијано Роналдо би можел ова лето да го напушти Јувентус, според неколку истакнати новинари.

Сега главниот уредник на шпанскиот весник АС објави дека лондонскиот Челзи е подготвен да му понуди на Јувентус дури 120 милиони евра за напаѓачот, кој има 35 години.

Можеби тоа е уште една луда желба на Роман Абрамович, руски тајкун кој очигледно знае колку вреди Роналдо без оглед на неговата возраст. Покрај тоа што може да придонесе за игрите на терен, тоа сигурно ќе биде голем маркетинг потег.

Единствено прашање е дали има смисла да се трошат толку многу пари на Португалецот кој игра на позицијата на Тимо Вернер, кој наводно е на работ да потпише за клубот од Лондон?

Понудата на Челзи, ако навистина постои, не е наивна и Јувентус ќе биде ставен на вистински тест и навистина би можеле да доживееме уште еден луд трансфер ова лудо лето.

Роналдо беше доведен во Јувентус од Реал Мадрид летото 2018 година, а претходно играше за Манчестер Јунајтед и Спортинг. Нема нешто што тој не освои, вклучувајќи три титули во Премиер лигата, две титули во Ла Лига, една Скудето, тој ја освои Лигата на шампионите дури пет пати, четири од нив со Реал и една со Манчестер Јунајтед.

Каде и да игра Роналдо следната сезона, било да е тоа Јувентус, Челзи или трет клуб, нема сомнение дека е мотивиран повторно да биде на врвот на Европа. Се разбира, не е исклучена можноста тој да го стори тоа до крајот на оваа сезона во дресот на Старата дама.