Connect with us

Фудбал

„Се срамев да го прославам трофејот во Лигата на шампионите“

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Пол Сколс тврди дека му било срам да ја прослави титулата во Лигата на шампионите во 1999 година.

Во незаборавното финале помеѓу Јунајтед и Баерн, „црвените ѓаволи“ стигнаа до европската титула со два гола по продолжение.

Пол Сколс не играше во ова финале поради суспензија, исто како и Рој Кин, но на теренот се појавија во одела за да го прослават трофејот.

Сепак, Сколс тврди дека не се чувствувал дел од тимот во тие моменти.

„Воопшто не се чувствуваш како дел од тимот“, изјави Сколс за „BT Sports“ и продолжи:

„Некои луѓе велат дека тоа е чудно чувство бидејќи игравте 15-16 натпревари за да стигнете таму, но сте на трибините и немате контрола врз тоа што се случува на теренот. Немате никакво влијание“, рече Сколс наљ кој му беше срамота да слави.

„Отидовме на теренот, но искрено, ми беше непријатно“, рече Сколс.

Легендарниот фудбалер девет години подоцна играше во финалето во кое Манчестер Јунајтед го совлада Челзи и тоа беше негов втор трофеј во Лигата на шампионите во кариерата.

Покрај тоа, тој освои 11 титули во Премиер лигата, четири ФА купови, три Лига купови и Светското клупско првенство во Јунајтед.

Севкупно, славниот играч за врска одигра 718 натпревари во кариерата и постигна 155 гола за „црвените ѓаволи“.