Connect with us

Фудбал

Се тресат Апенините – Реал испрати понуда за Миралем Пјаниќ

Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ ова лето е на мета на разни шпекулации околу тоа дека ќе го напушти Јувентус. Пјаниќ беше на мета на Барселона и на Манчестер Сити, но Јуве одби да го продаде, а сега борба за потписот на Пјаниќ се вклучи и Реал Мадрид.

Барселона во неколку наврати се обиде ова лето да го донесе Пјаниќ во своите редови, но Каталонците на крајот не сакаа да платат 80 милиони евра колку што бараа во Јувентус. После Барселона, интерес за Пјаниќ покажа и Манчестер Сити, но клубот од „Етихад“ не испрати официјална понуда.

Кога се чинеше дека се е завршено и дека Пјаниќ останува во Јувентус, утрово во „Tuttosport“ беше објавено дека на адресата на „Старата дама“ стигна нова понуда. Имено, Реал Мадрид сака во своите редови да го види Пјаниќ за кој е подготвен да плати околу 60 милиони евра.

„Кралскиот“ клуб брзо делуваше и испрати понуда за Пјаниќ, но Јувентус повторно ја одби со што му испрати јасна порака на Реал дека Пјаниќ вреди 80 милиони евра. Јуве ќе го почека крајот на преодниот рок, а доколку Пјаниќ остане во Торино тогаш ќе потпише нов договор со „Старата дама“.

Пјаниќ моментално во Јувентус годишно заработува по 4,5 милиони евра, но доколку го продолжи договорот до 2023. година, тогаш ќе добие зголемување на платата, па ќе заработува два милиони повеќе.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com