Фудбал
Сè уште е проблематично во Париз, ПСЖ треба да бира помеѓу Тухел и Мбапе
Килијан Мбапе реагираше многу лошо кон својот тренер Томас Тухел, бидејќи го замени во 69. минута од натпреварот против Монпелје. Напаѓачот претера со своето однесување, а тоа не му се допадна на тренерот на ПСЖ.
Тухел го анализираше натпреварот пред тимот, како и однесувањето на Мбапе. Напаѓачот одби да се извини за неговите постапки пред тимот и односите не се баш анјдобри меѓу страните.
Со ваквото однесување Мбапе се обидува да го изрази незадоволството во Париз, но воедно се насмевнува кон Шпанија, каде Реал Мадрид го чека со отворени раце. Тухел од друга страна бара да воспостави авторитет, но би можел да биде „жртва“ на челниците на ПСЖ кои сакаат да го обноват договорот со својата ѕвезда.