Connect with us

Фудбал

Се врати каде што почна, допинг суспензијата истекува на 23 јули, па ќе му се приклучи на Работнички

Работнички го доведе првото засилување за следната натпреварувачка сезона. Нов фудбалер е Муарем Муарем. Офанзивниот играч за врска потпиша едногодишен договор со Работнички и се враќа во клубот во кој ја почна професионалната кариера (2008-2010), а настапуваше и во сезоната 2010/11

Муарем Муарем во Македонија настапуваше за Работнички, Тетекс и за Шкупи, а интернационалната кариера ја градеше во Турција (Ордуспор, Ескишехирспор), Азербејџан (Карабах), Казахстан (Актобе) и во Албанија (Фљамуртари).

Муарем Муарем ќе се приклучи на тренинзите на тимот по 23 јули, кога ќе истече неговата суспензија откако имаше позитивен допинг тест пред две години.