Connect with us

Фудбал

Себаљос стапи во контакт со Реал, сака да ја прекине неговата позајмица во Арсенал

Откако Микел Артета дојде како тренер на Арсенал, Дани Себаљос падна во втор план.

Тој беше повреден кога Артета пристигна, но се опорави од повредата и се очекуваше да продолжи да игра.

Сепак, Артета се одлучи за Озил, кој игра брилијантно откако Артета дојде во клубот, а Себаљос скоро и нема минутажа.

Според англиските медиуми, Себаљос го замолил својот матичен клуб, Реал Мадрид, да стави крај на договорот за позајмица во Арсенал.

Се разбира, причината е тоа што тој не игра, а Себаљос сака редовни минути што Артета не сака да ги даде во моментот.

Затоа Шпанецот го замоли Реал Мадрид да му најде нов клуб, каде ќе игра и да го напушти Арсенал до крајот на преодниот рок.