Connect with us

Фудбал

Себастијан Џовинко се враќа во Италија после пет години?

Искусниот италијански фудбалер Себастијан Џовинко би можел да се врати во Серија А по повеќе од пет години.

Џовинко во моментов игра во Саудиска Арабија за Ал-Хилал, пристигнувајќи на почетокот на 2019 година од Торонто. 33-годишниот играч има договор до летото 2021 година, но италијанските медиуми пишуваат дека тој би можел ова лето да се врати на Апенините.

„Атомската мравка“ потекнува од Јувентус каде никогаш не ја доби вистинската можност, а покрај „Старата дама“ во Италија, играше и за Парма. Токму Парма се споменува како неговиот нов клуб.

Џовинко ги помина најдобрите денови од својата кариера во Парма каде играше на позајмица од Јувентус, а исто така обезбеди одлични игри и во Торонто. За неговото враќање зборуваше и спортскиот директор на Парма, Даниеле Фаџиано, кој призна дека не станува збор за невозможна мисија.

„Ќе видиме што ќе се случува. Во фудбалот, ништо не е невозможно. Не сакаме да кажеме ништо премногу, но сигурно враќањето на Џовинко би било одлична работа за нашиот тим“, рече Фаџиано.

Ovовинко одигра 70 натпревари во дресот на Парма, постигнувајќи 23 голови и 19 асистенции.