Connect with us

Други спортови

Себастијан Фетел дисквалификуван од трката за ГН на Унгарија!

Себастијан Фетел беше многу блиску до остварување на својата прва победа со болид на Астон Мартин, но на крајот целта на патеката Хунгароринг каде се возеше ГН на Унгарија, понива втор.

Фетел беше втор зад Естебан Окон во текот на целата трка, но не успеа да го претекне болидот на Алпина, па на крајот мораше да се задоволи со второто место.

Веднаш по трката, Фетел го паркираше својот болид до патеката и не го изведе вообичаениот поздравен круг откако мина низ целната линија.

При преглед на автомобилот, беше откриено дека имало 0,3 литри гориво во резервоарот, а минималната количина што судиите мора да ја отстранат од болидот по трката е 1 литар.

Германецот веднаш потоа беше под истрага, а дисквалификацијата на возачот на Астон Мартин пристигна доцна синоќа.

Ова значи дека Луис Хамилтон ќе напредува на второто место, додека Карлос Саинц од Ферари сепак заврши на подиумот.

Хамилтон сега донесе 18 поени од Хунгароринг, а Макс Верстапен кој се пресели на деветтата позиција е на само два бода, така што возачот на Мерцедес сега го зголеми водството за дополнителни два бода. Сега Британецот има 195, а Холанѓанецот 187.