Connect with us

Други спортови

Себастијан Фетел: Можно е враќање во Формула 1

Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел изјави дека не ја исклучува можноста за враќање во Формула 1 во одреден момент во иднината.

Германецот за РТЛ изјави дека во моментов сака да паузира по 15 последователни тркачки сезони и да помине време со семејството, но можно е со време да се премисли.

Возачот на Астон Мартин веќе најави дека ќе се откаже на крајот од оваа сезона, на која преостануваат уште две трки – Големата награда на Бразил овој викенд и ГН на Абу Даби за една недела.

Мислам дека ако кажавте дека се откажувате, тогаш треба да се откажете. Но секако, во иднина ништо не е исклучено“, вели 35-годишниот натпреварувач.

Сличен потег пред години направи и сонародникот на Фетел и седумкратен светски шампион Михаел Шумахер. Тој ја напушти Формула 1 во 2006 година, но се врати четири години подоцна за да вози три сезони.

„Секој човек е различен и патот на секој човек е различен. Можеби има места каде што може да се направат паралели, но мислам дека не можам да одговорам на прашање во моментов за тоа што би се случило во иднина. Оваа година, мојот одговор на Прашањето дали повторно ќе возам во Формула 1 е не, но за година или две можеби ќе имам сосема поинаков став. Само времето може да каже“, филозофски заклучи Фетел.