Connect with us

Други спортови

Себастијан Фетел потроши 166.000 долари на проштална вечера

Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, приреди проштална вечера пред Големата награда на Абу Даби на која ги покани возачите на Формула 1.

Средбата се одржала во еден од рестораните на познатиот готвач Нусрет Ѓокче, познат како „Солт Бае“.

Според потврдата објавена на социјалните мрежи, вечерата чинела 615.000 дирхами или 166.000 долари.

Претстојната трка за Големата награда на Абу Даби ќе биде 299-та и последна во кариерата на Фетел.

Тој постигна 53 победи во кариерата, 57 стартови на пол и 122 пласмани на подиумот, освојувајќи 4 светски титули.