Connect with us

Кошарка

Седел на клупата за резерви, па дознал дека е позитивен на Ковид 19

Малку бизарна ситуација во НБА тимот на Филаделфија. Имено, за време на натпреварот против Бруклин, кој Филаделфија го загуби со 122-109, дознале дека нивниот играч Сет Кари е позитивен на Ковид 19. Моментот кога дознал дека е позитивен беше во првата четвртина, тој седеше на клупата за резервни фудбалери и не влезе во игра. Веднаш откако дознале, кошаркарот е изолиран во посебна просторија, а секако претходно морал да ја напушти салата. Според последните информации Кари е изолиран во хотелска соба во Њујорк.