Фудбал
Седлоски кандидат за тренер на Динамо Загреб, но му се даваат мали шанси!
Хрватскиот трофеен клуб Динако Загреб е во потрага по замена за Ненад Бјелица. Веќе се поврзуваат неколку имиња со клупата на оваа екипа, а меѓу нив е и нашиот Гоце Седлоски кој во моментов го предводи вториот тим на Динамо.

Хрватските медиуми спроведоа анкета со прашање кој треба да го замени Бјелица. Нашиот Седлоски доби за 4 отсто од гласовите, додека пред него се Јозак, Мамиќ, Томиќ и Копиќ.