Connect with us

Фудбал

Седлоски не е повеќе тренер на ФК Шкупи

Гоце Седлоски не е повеќе тренер на ФК Шкупи, а информацијата ја потврди тимот од Чаир.

-Од денеска ја прекинавме соработката со нашиот почесен тренер, кој по 20 години го направи нашиот тим шампион и му даде на нашиот клуб многу добри работи и успешни достигнувања. По средбата што ја имавме со тренерот Гоце, решивме „за момент да се разделиме“. Оваа разделба дојде по меѓусебен договор со нашиот тренер, кој смета дека на клубот му е потребна „нова крв“ и таквата трансформација ќе биде покорисна за тимот. Веруваме дека нашите патишта ќе можат повторно да се спојат во друг момент и време., велат од ФК Шкупи.