Connect with us

Други спортови

Седми велешки пливачки маратон 2020

Велес, 12 септември 2020 (МИА) – Александар Илиевски, член на пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје го освои првото место во сениорска конкуренција на седмиот велешки пливачки маратон, што се одржа денеска. На второ место беше Филип Дерковски од „Орион клубот“ од Скопје и трето место Иван Трпчевски од „Нептун“. Во женска конкуренција прва беше Јана Костадинвоска од пливачки клуб „Нептун“, втора Калина Стојчевска од „Младост“, трета Смјилевска од „Олимпик“.

Александар Илиевски по добивањето на златниот медал за МИА изјави дека е пресреќен што годинава го освојува првото место на маратонот  со кој завршува  и годинашниот македонски куп во далечинско пливање. Тој денеска пливаше на 2,5 километри иако негова специјалност, како што ни изјави, се трките на пливачките маратонски трки на 10 километри.

-Ова е последна трка од македонскиот куп во далечинско пливање  и мене ми е многу  значајна. Јас првото место му го посветувам на мојот спонзор од 2012 наваму, на неодамна починатиот Славе Андев, потенцира Илиевски. Додаде дека победата му е уште позначајна  по 100 дена непливање во базен поради состојбата со Ковид-19.

-Јас не пливам 2,5 километри како што беше маратонот денеска. Мојата специјалност  се маратоните над 10 километри, но годинава заради ситуацијата со Ковид-19 сите вакви маратони се одложени или скратени. Велешкиот пливачки маратон на кој  учествувам по шестти пат  е прекрасна спортска манифестација, а велешкото езеро Младост е идеално за пливање. Исто и условите и обележаноста на патеката денеска беа идеални за пливање. Се надевам дека манифестацијата ќе прерасне во меѓународна со  многу пливачи од земјава и со учесници од странство, рече Илиевски.

Годинава на Велешкиот пливачки маратон, како што изјави Илија Попов од Организациониот одбор учество земаа 80 пливачи, од кои 45 беа во професионална конкуренција во машка и женска категорија, а останатите беа аматери. Првпат имаше и пливачи во категорија под 12 години.

Организатор е Општина Велес во соработка со Националната пливачка федерација  под покровителство на Пливачката федерација на Македонија и Ротари клубот. ад/мд/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com