Connect with us

Фудбал

Седорф го анализира отказот на Џампаоли, ова е пораката до новиот тренер

Кларенс Сидорф, поранешен фудбалер на Милан и тренер присутен на вчерашниот натпревар на Дал Ара меѓу легендите на Болоња и Реал Мадрид, во изјави за „Скај Спорт„ зборуваше за разрешувањето на Џампаоло.

„Разрешување на Џампаоло? Секогаш сме премногу избрзани да судиме, му посакувам среќа на Пиоли. Го сакам Милан, но секогаш кога го менува тренерот, ми е жал бидејќи е загуба за сите. Очекуваме Милан да биде како што сакаме да биде, но треба време. Му посакувам среќа на новиот тренер, Пиоли!“