Connect with us

Фудбал

Сега е официјално, легендата на Црвена Звезда, Џајиќ на чело на српскиот фудбал!

По повлекувањето на Немања Видиќ од претседателската трка имаше помала гужва отколку што беше најавено. Единствен кандидат за претседател остана Драган Џајиќ, кој имаше огромна поддршка и пред Собранието, па легендата на Црвена звезда ја презеде функцијата прв човек на ФСС, која беше празна последните две години по оставката на Славиша Кокеза.

Џајиќ доби 78 гласа од присутните делегати, а немаше „против“.

„Секој што се разбира од фудбал може да ја извршува улогата на претседател на ФСС. Искуството има предност, зависи од тоа што направил. Не завршува се кој ќе победи, туку се работи за некаква перспектива за иднината. Само ве замолувам на почетокот, да имаме трпение да погледнеме на се од најдобрите агли, секој поединечен проблем, па потоа да го најдеме најдоброто решение. Не планирам радикални промени, тие ќе дојдат со време, и со соработка на сите нас, како и во заеднички договор со јасно поставени цели“, изјави Џајиќ.